Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување

Од:

Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова. Претседалка на Комисијата е д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.

Оваа Комисија е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.

Одлуките за помилување на осуденици, шефот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.

Претходниот состав на Комисијата, која беше конституирана кон крајот на јули си поденесе колективна остаква, откако дел од помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври предзивикаа реакции во јавноста, а дел од медумите тогаш јавија дека едно од помилуваните лица е член на наркокартелот „Барон“.

Сиљановска Давкова тогаш помилува десет осуденици. Покрај поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, помилувани се уште деветмина затвореници. Извршувањето на изречената казна им се заменува со условна осуда на осудените лица Акиф Равмановски од село Арачиново, во траење од една година и три месеци, на Никола Трпчески од Охрид, во траење од една година и на Шенол Маслани од Арачиново, во траење од шест месеци. Делумно се ослободени Мухарем Али од Скопје, Тодор Попов од село Миравци, Томислав Симеонов, од Скопје, Перо Кузмановски од Градско, Живко Делиџаков од село Богородица, и Марјан Ефремов од Скопје, кој беше првообвинет во аферата „Шпион“.

Еден ден по помилувањето, Акиф Равмановски, еден од водачите на криминалната група „Барон“ од скопски Чаир повторно се најде зад решетки. Тој по помилувањето беше пуштен од затворот „Идризово“ на условна казна, каде издржуваше казна од една година и три месеци заради нелегално поседување на оружје и веднаш потоа беше уапсен, поради тоа што се сомничи за обид за убиство во инцидент, кој се случил десетина дена пред помилувањето во скопски Чаир, каде беше застрелан член на ривалскиот клан од селото Грчец.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕУ претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети

Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување

Горан Наумовски

Сиљановска Давкова: Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска