Комисиска расправа за утврдување листа на кандидати за член на ДИК

Од:

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања денеска ја почна седницата за утврдување листа на пријавени кандидати по Одлуката за огласување на избор на член на Државната изборна комисија.

Пријавени беа кандидатите Беат Даути дипломиран правник, Абдуш Демири економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили.

Претседателката на Комисијата Марија Георѓиевска рече дека кандидатите Абдуш Демири и Роберт Трајковски не ги исполнуваат условите поради некомплетна документација.

За кандидатот на албанската опозиција Европски сојуз за промени – Абдуш Демири, претседателката на Комисијата посочи дека тој бил на функција генерален секретар на партија.

На ова бурно реагираа пратениците на Европскиот сојуз за промени по што демонстративно станаа и побараа право на глас.

-Ова што го правите е нечуено и нема да ви помине, зошто ви се ваквите игри?! Нема да ви помине, не ми е јасно зошто играте со законот, со изборните. Зошто играте по игрите на ДУИ, играте со државна изборна комисија имаме избори се запрашавтр ли каква порака испраќање?!. Јас лично се консултирав со сите пред да ги доставиме документите, а по консултација документите се доставени во архива не знам како може олку ниско да играте, рече пратеникот од БЕСА Фадил Зендели.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошовски оцени дека законот е многу јасен за условите за членување.

-Ние овде имаме една многу чиста позиција каде во законот пишува член на ДИК треба да биде претставник на опозицијата и сега поради несогласувањата во Алијанса која не знае дали сака да е опозиција или не и дали ќе одат на заеднички листи со ДУИ, се тактизира, изјави Милошовски.

Претседателката на Комисијата покажувајќи ја доставената биографија рече дека кандидатот сам посочил дека во моментот на подготовката на биографијата ја извршува функцијата.

Зендели рече дека оставката на кандидатот била доставена и архивирана уште пред објавувањето на огласот.

Комисијата објави пауза од еден час по што пратениците ќе ја продолжат седницата.

Би можело да ве интересира

Управен суд донесе одлука: Прием на слушатели на Академијата за судии и обвинители по изборите

Управен суд пресуди во полза на Академија зa судии и јавни обвинители, ја поништи одлуката на Антокорупциска

Антикорупциска го усвои приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Антикорупциска решава за приговорот на Силјановска Давкова за тестирањата за прием во Академијата за судии

Новиот состав на ДКСК даде свечена изјава во Собрание

Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на Антикорупциска