Привремената Комисија за следење на медиумското претставување заклучи дека медиумите постигнале напредок во квалитативниот баланс во известувањето во третиот десетдневен период (22 септември до 1 октомври) и гласаше да не се покренат прекршочни постапки против медиумите според членот на Изборниот законик со кој се регулира балансираното известување.
Со мнозинство од тројца членови, Комисијата гласаше да се поведат прекршочни постапки против телевизиите Сител, Алфа и Нова, врз основа на членот 75-б од законот, кој регулира известување за настани на институциите кои може да се разберат како активности на политички партии. Поведувањето на постапките е поради емитувани прилози од настани на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
За Алфа и Нова ова е прво поведување прекршочна постапка по овој основ и може да води до нивна опомена од страна на судот, додека за Сител телевизија се работи за втора постапка и може да води до парична казна.