Командирот од „Идризово“ ќе остане во притвор уште 30 дена: Постои сомневање дека може да избега, а да му помогне затвореникот кој е во бегство

Од:

Обвинителката Лиле Стефанова дошла до докази кои покажуваат дека командирот Срѓан Димитриевски викан Поп од затворот „Идризово“ се стекнал со значителна имотна корист помагајќи му на затвореникот Беким Мемети кој е осуден за убиство и дрога да избега при спровод во болница, дознава „А1он“. Командирот сега не се гони за противзаконито ослободување на лице, туку за поткуп, кое е потешко дело и за кое казната е од четири до десет години затвор.

Според информации на „А1он“ Кривичниот суд му го продолжи и притворот поради опасност од бегство, па тој останува уште 30 дена во затворот „Скопје“ во Шутка. Ова доаѓа откако претходно му беше определен притвор од осум дена, а само еден ден откако Мемети се даде во бегство.

Еден од аргументите дека командирот може да се даде во бегство, а прифатен од судијката е дека командирот Димитриевски извршувал висока функција во најголемиот затвор во државата, со тоа има многу пријатели, што пак, можат да му бидат логистичка поддршка за бегство. Дополнително, Кривичен суд смета дека во бегството би можел да му помогне и избеганиот затвореник Мемети.

„А1он“ уште пред една недела пишуваше за командирот Срѓан Димитревски-Поп. Тој е осуденик, кој додека работел во МВР земал мито за да не поднесе кривична пријава. Во замена барал гуми и пари, за што добил условна казна. Потоа, бил ангажиран во затворот „Идризово“ за каде подоцна добил и решение за вработување.

Марјан Спасовски, разрешениот директор за санкции, знаеше за минатото на Димитревски, но не му беше спорно што тој е поставен за командир во казнено-поправната установа. Два дена пред бегството, Спасовски сметаше дека нема ни зошто да го избрка командирот, а за кого имаше поплаки дека тепал затвореници што е предмет на испитување.

Би можело да ве интересира

Приведени 17 припадници на затворската полиција вработени во К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

Затвореник од „Идризово“ сакал да избега во Албанија, уапсен е близу државната граница

Горан Наумовски

Осуденик се обидел да избега од „Идризово“

Кризната состојба во КПД „Идризово“ ќе трае додека не се вработат нови затворски полицајци, вели директорот Јовановски