Командирот и полицајците ќе завршат пред суд, суспендирани се од затворот „Идризово”

Од:

Четворицата полицајци кои го правеле спроводот и командирот кој ја издал наредбата се суспендирани од работа, потврдуваат од Министерство за правда за А1он. Тие се наоѓаат на распит во Обвинителство, а потоа ќе бидат спроведени и пред судија на претходна постапка. Неофицијално, за нив ќе се бара притвор, поради сомнеж дека акцијата за бегството била испланирана, но и индиции за влијание на сведоци и нивна недостапност за органите на прогонот.

Предистрагата за бегството на затвореникот осуден на над 20 години затворска казна ја води Обвинителството за гонење организиран криминал односно полициското одделение предводено од Лиле Стефанова.

“А1он” објави дека Срѓан Димитриевски е командирот кој бил на смена вчеравечер во „Идризово“, кога се случи бегството на затвореникот осуден за обид за убиство и дрога, а полицаец беше повреден. Димитриевски е лице осудено за примање мито како полициски службеник од МВР.

За затвореникот е распишана меѓународна потерница. Се шпекулира дека тој по бегството е пренесен во Косово. Информациите се непотврдени, но кореспондираат со распишаната потерница.

Би можело да ве интересира

Излегол од затвор, ја истепал сопругата, па и запалил дел од облеката

Приведени 17 припадници на затворската полиција вработени во К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

Затвореник од „Идризово“ сакал да избега во Албанија, уапсен е близу државната граница

Горан Наумовски

Осуденик се обидел да избега од „Идризово“