Кој е Васко Саздовски – Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад?

Од:

„Македонија синоќа изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите, изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист. Изгуби Свети Николе, можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И синоќа повторно. Овој пат неповратно“.

Ова е еден од постовите на Фејсбук во кој се опишува личноста на Васко Саздовски (45), Македонецот, кој вчера го загуби животот во несреќата кај Железничката станица во Нови Сад.

За Васко негови блиски велат дека бил човек кој Македонија не знаеше да го почитува и препознае неговото знаење, па затоа заминал во Нови Сад да работи како професор во Институт за роботика и повремено доаѓал во Македонија.

По потекло бил од Свети Николе, но со сопругата и двете синчиња живеел во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Активистот Миша Бачулов приведен до 48 часа, обвинет за подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија

А1он

Вучиќ пред годишнината од несреќата во Нови Сад: За доброто на жртвите и нивните семејства, ве молам покажете почит

А1он

Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Горан Наумовски

Повторно е поднесено обвинение против Весиќ и 12 лица за уривање на настрешницата во Нови Сад

Адвокатите го тужат обвинителот во случајот со настрешницата во Нови Сад – им го понижи човечкото достоинство

А1он

ВИДЕО: Полицијата ги спречи демонстрантите да влезат во Филозофскиот факултет во Нови Сад

Предраг Петровиќ