„Кој е следен“ најави нов протест – „Системот заборава, ние не“

Од:

Движењето „Кој е следен?“ најави нов протест. Ќе се одржи во четврток во 18 часот, на булеварот пред Владата, со мотото „Системот заборава, ние не!“.

„Ние ја паметиме секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби. Секоја лага што ја шират за да нè исплашат, секоја неправда со која сакаат да нè замолчат“ велат од движењето.

Додаваат дека тоа што нивната иницијатива е напаѓана значи дека е слушната и е потврда дека ја зборуваат вистината, а од вистината се вознемирени само оние што профитираат од секојдневното страдање.

„Два месеци бараме промени, но ништо не се менува! По четири протести, несреќите се зголемија. По три форуми, неправдата порасна. По одржаното Народно Собрание, пратениците станаа уште потивки“ велат од „Кој е следен?“.

„Затоа, ако си работник што гине на работно место без основни работни услови, мајка што не спие додека детето не се врати дома, младо лице што заминува затоа што нема за што да остане, студент што плаќа за „бесплатно“ образование, доктор што работи со скршена опрема, учител кој е оставен сам на себе, пензионер што одвај преживува, ако си граѓанин на кој системот му го одземал достоинството – ова е твојот повик“ – посочуваат од движењето.

Потенцираат – „време е за будење и менување на системот, бидејќи системот што требаше да нè заштити, нѐ остава да умираме“.

Би можело да ве интересира

„Кој е следен?”: Правда за жртвите во досегашните трагедии кои се случени како последица на нефункционалноста на системот

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ

„Кој е следен“: Ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните

Горан Наумовски

Свирежи до Владата, a потоа 16-минутен молк за жртвите од Кочани

Горан Наумовски

„Вие сте херои“ – граѓаните ги поздравија медицинските работници