Кој е Незири – турнал инструктор по скали, поврзан со скандал во фонд, сопственик на клиника

Од:

Беким Незири последниве десетина години неколкупати беше поврзуван со скандали и насилство. Важи за човек од доверба на Ахмети ,а на функции е уште од 2010.

Беким Незири е претседател на партискиот огранок на ДУИ во скопската општина Чаир. Беше на неколку високи политички функции, меѓу кои еден од директорите на М-НАВ, директор на Фондот за ПИОМ и министер за економија, по што се враќа во М-НАВ на гарантирано работно место.

Во 2010 години  беше член на  Управниот одбор на М-НАВ и еден од тројцата директори. И тогаш беше споменуван дека предизвикал неколку инциденти. Турнал инструктор по скали, а го полил со вода и тогашниот претседател на Управниот одбор на М-НАВ Живко Поповски.Незири тогаш ги демантираше овие обвинувања и тврдеше дека не се вистинити и дека тој никогаш не би полил 60 годишен човек со вода.

Како што тогаш објавуваа медиумите, контролорот како инструктор не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор. Незири го удрил и го турнал по скали. Снимките за нападот врз инструкторот биле избришани.

Потоа, до Управниот одбор поднел предлог инструкторот да биде разрешен. А кога другите се противеле го плиснал со вода тогашниот претседател на Управниот одбор.

“Точно е тоа што сте го слушнале. Разговаравме за предлогот на Незири да биде разрешен еден од вработените. Јас се спротивставив, со забелешка дека тоа е добар работник, на што Незири ми рече дека тој одлучувал за ‘неговите’ . Му реков дека безбедноста на летањето е неделива, нема ‘наши’ и ‘ваши’. Продолжението го знаете, ме плисна со вода”, изјавил тогашниот претседаттел на У. О на М- НАВ , Живко Поповски

Но сепак, контролорот е избркан од работа, врз основа на тоа дека пет дена неоправдано отсуствувал од работа, а всушност електронски му било избришано боледувањето додека се опоравувал од тепањето. Контролорот потоа тужел на суд и го добил процесот. Сепак според информациите откако и неговата сопруга била избркана од работа во Клиничкиот центар, тие се преселиле во Норвешка каде се вели дека работи во Контрола на летање.

Како директор на Фондот за пензиско Незири се поврзуваше со афера за проневера на 19 милиони евра.

Министерката Царовска (СДСМ) тогаш објави дека открила криминал од 19 милиони евра, кои државата треба да им ги врати на 12.000 осигуреници, чии пари за пензиско осигурување во изминатите 10 години директорите на Фондот за пензиско осигурување (ПИОМ) не им ги уплаќале во вториот пензиски столб. Во тој период директори на ПИОМ беа кадри на ДУИ: Исни Јакупи, Амет Даути, Беким Незири и Шаип Зенели. Тогашната минстерка за труд и социјална Мила Царовска се закани и со кривична пријава но се разбира дека таа никогаш не беше процесуирана. Тогаш со функција Вицепремиер за европски прашања Бујар Османи остро ја нападна Царовска за отворањето на аферата и застана во одбрана на директорите од ДУИ, наведувајќи дека не се работи за злоупотреба, туку административни пречки и обвини за ширење на лажни вести, а најави тогаш и тужби за медиумите.

Во 2020 година, Незири беше и носител на листа на ДУИ во изборната единица 3. Податоците од јавните архиви сведочат и за неговиот имот. Во 2016 година Незири пријавил имот вреден 260 илјади евра. Стан, локал, земјиште во Скопје, три кредити, два приходи од кирија и возило на име на сопругата е имотот што тогаш го пријавил. Но сепак во 2021 се јави во улога на сопственик на нова приватна клиника.

Името на Незири се поврза и со приватната клиника ВФВ Клиник. На отварање на клиниката во декември 2021, присуствуваа претставници на државниот врв, претседателот на ДУИ Ахмети, вицепремиерот Артан Груби, тогашниот министер за здравство Венко Филипче, а обраќање имаше и Незири како еден од сопствениците на ВФВ клиник заедно со Ферки Демировски.

Професорката Мирјана Најчевска тогаш негодуваше како со имот од само 260 илјади евра се станува сопственик на клиника.

Името минатата година повторно стана актуелно, не заради Контролата на летање, туку заради внатрепартиската битка во ДУИ со „огнената група“. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети презеде мерки за дисциплинирање на членството, воведувајќи нова партиска функција „координатор на огранок“ на чие чело прво беше Бујар Османи, а потоа на тоа место седна Незири.

Беким Незири, кој ги отвори вратите на радарската кула и кој им дозволи на насилниците да влезат во згратата на М-НАВ, денес е во полициска станица и со него се врши разговор, бидејќи со својата картичка пропуштил луѓе кои не биле вработени во контролата, а кои физички нападнале дел од вработените.

Ова следува откако вчера голем број на вработени дадоа поддршка на синдикатот кој пак се противи на новите вработувања, односно критериумите кои се бараат за лицата.

Би можело да ве интересира

По инцидентот на небото над Скопје, се огласи ЗКЛМ: Застануваме во одбрана на контролорите

Беким Незири ги предводеше бандитите во М-НАВ, а веќе денеска е дома реагира ВМРО-ДПМНЕ

Укинати притворите на Беким Незири и Алмир Рамдедовиќ

Обвинителство: Лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Миланов: Настанот во М-НАВ се случил зад грбот на Незири, без негово учество

Левица: Нема притвор за Беким Незири – функционерите на ДУИ се недопирливи