Кочубовски: Институтот за јавно здравје е подготвен и има акциски план за одговор при кризни и итни состојби

Од:

Михаил Кочубовски, раководител на Сектор за здравствена екологија во Институтот за јавно здравје кажа дека Институтот е подготвен и дека има акциски план за одговор при кризни и итни состојби. Тој нагласи дека има и стандардна оперативна процедура како да постапува здравството во услови на поплави.

– Ако се случат поплави, би можела да биде загадена почвата во зависност од тоа што е поплавено. Ако е поплавено само земјоделско подрачје тоа ќе биде транзиторно или преодно и зависи од периодот. Во овој период од годината не постои ризик по здравјето од евентуално поплавување на земјоделски посеви зошто нема култури кои сега се одгледуваат, барем во поголемиот дел, појасни Кочубовски на паузата на национална конференција за правичен пристап до вода.

Тој кажа дека овој период е мирен, а опасно е во пролетниот и летниот период кога има жетва или пред жетва.

– Тогаш ќе настанат штети на самите култури и загрозување, загадување и тогаш тие не би можеле да се користат за храна, рече Кочубовски.

Според него постои можност и од контаминација на водата ако се излеани површинските води и ако бунарите не се добро заштитени.

– Ние имаме програма за следење на бунарите во градските и селските подрачја и тогаш поинтензивно следиме и ги испитуваме и секако забрануваме ако водата е неисправна, даваме препораки да не се користи и за нејзина дезинфекција или ако тоа веднаш не може да се примени, даваме препораки да се преврива водата или во краен случај да се користи пакувана вода за пиење, која е безбедна, истакна Кочубовски.

Би можело да ве интересира

Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени

Катерина Ѓуровски

Починатиот од западно-нилска треска не патувал, заразен е во земјава

Катерина Ѓуровски

Пензионер од кочанско почина од компликации од Западно-нилска треска

Катерина Ѓуровски

Во исклучените фрижидери во ИЈЗ има реагенси за голема кашлица од која моментално има епидемија

Катерина Ѓуровски

Саботажа во Институт за јавно здравје, се истражува кој и зошто ги исклучил фрижидерите со регенси

Катерина Ѓуровски

Левица: Само во Македонија црвен аларм за опасност од топло време е на 44 стрпени Целзиусови

Катерина Ѓуровски