Кочоски му ја честита победата на Села

Од:

Кандидатот за градоначалник на Струга од коалицијата „Заедно за Струга“ Владимир Кочоски вечерва му ја честита победата на неговиот противкандидат Зијадин Села од ДПА и му порача да ги исполни ветувањата што им ги дал на граѓаните за време на изборната кампања на локалните избори.

– Пред се, сакам да им се заблагодарам на околу 16 илјади гласачи кои на овие локални избори го дадоа гласот за мене што навистина е голем успех. Исто така, сакам да му честитам на мојот противкандидат и да му посакам да го оствари тоа што им го вети на граѓаните на општина Струга, изјави Кочоски.

Според првичните податоци од штабот на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Села победи со околу 5.500 повеќе гласови освоени од граѓаните.

Хирургот Владимир Кочоски, на овие локални избори беше кандидат за градоначалник на општина Струга од ВМРО-ДПМНЕ кого го поддржаа и од СДСМ формирајќи ја заедничката коалиција „Заедно за Струга“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија