Кочанчанец на социјални мрежи објавил компромитирачка снимка од 33-годишна жена

Од:

Маж од Кочани на возраст од 40 години бил повикан на разговор во полициска станица бидејќи се сомнчи дека пред неколку дена на социјална мрежа објавил компромитирачка снимка од 33-годишна жена.

Полицијата во неговиот дом нашла компјутер и мобилни телефони за кои смета дека можеби се поврзани со делото.

– На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани. Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со компромитирачка содржина. Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лаптоп компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода