Коцевски: Победата е резултат на довербата на граѓаните на Велес

Од:

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата за Општина Велес, Аце Коцевски по информацијата за првичните резултати дека води со околу четири илјади гласови, рече дека победата е резултат на довербата на граѓаните.

– Многу сум среќен. Победата е резултат на довербата на граѓаните на Велес во мене како поединец и на СДСМ и нашите коалициски партнери. Едноставно ние добро ја презентиравме програмата и имавме добри кандидати и тоа придонесе да имаме убедлива победа, изјави за МИА Коцевски.

На новинарско прашање за тоа колку според првичните резултати води пред својот противкандидат од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев, истакна дека засега води со околу четири илјади гласови.

– Засега водам со околу четири илјади гласови и трендот е на зголемување, а за советничката листа на СДСМ и Коалицијата водиме со 1.500 гласа и очекуваме да имаме и мнозинство за членови на Советот на Општина Велес, рече Коцевски

Тој најави дека по превземање на власта најпрво ќе направи добар тим од квалитетни и стручни луѓе кои ќе ја водат успешно Општината. – Луѓе кои знаат да прават добри проекти за предпристапните Фондови за ЕУ и Фондовите за прекугранична соработка со цел да исцрпиме што повеќе средства. Воедно планирам да направам ревизија на претходното работење во Општина Велес, а за да знам од каде треба да тргнам и пред се да направам добра програма за да можеме да ја вратиме Општина Велес, каде што и припаѓа во врвот на македонските општини, потенцира Коцевски.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

ВМРО-ДПМНЕ: Дали службите за безбедност под водство на кадри на СДС го следеле и прислушкувале Мицкоски со знаење на Коцевски?