Коцевски: На родителите можам да им гарантирам брза истрага

Од:

Државниот јавен обвинител, Љупчо Кoцевски во изјава за јавноста не можеше да каже детали, бидејќи, како што рече, истрагата се уште е во тек.

– Во текот на денот ќе се врши увид и ќе се знае кои се пропустите. Во моментов пет јавни обвинители се во Кочани. Причините допрва ќе се утврдуваат. Во моментов не можеме ништо повеќе да кажеме. Во моментов се уште се издаваат наредби за вештачење. Ништо повеќе не можам да кажам. ЈО со целиот капацитет е спремно да преземе активности. Се испитуваат околности и се врши увид. Кога ќе се заврши увидот, ќе се сослушаат лица. Увидот ќе трае се до моментот додека не биде завршен. На родителите можам да им гарантирам брза истрага, ќе ангажираме вештаци од сите области. Во текот на денот ќе се знае колку луѓе се повикани на разговор – рече тој.

Обвинителот не прецизираше колку вкупно гости имало во дискотеката во моментот кога започнал пожарот и со колкав капацитет е истата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Државниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски во Собранието

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“

А1он