Коце Трајановски не исполнил 60 проценти од ветувањата за уредување на просторот

Од:

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски во областа планирање и уредување на просторот ветил пет проекти од кои според анализата на Вистиномер исполнил само еден проект, еден делумно а три проекти воопшто не ги исполнил. Според оваа анализа Трајановски од ветувањата пред четири години за планирањето и уредувањето на просторот не ги исполнил 60 проценти, 20 проценти исполнил, а 20 делумно ги исполнил.

Според Вистиномер, трајановски ветил дека до септември 2011 година ќе изработи катастар на водоводна, канализациска, топлинска и гасна подземна инфраструктура.

koce1

Катастарот не е изработен и според последните информации техничките услови за подготовка на овој проект треба да се подготват до почетокот на 2014 година, а со тоа ова предизборно ветувње не е исполнето.

Според Вистиномер, делумно е исполнето ветувањето за процедурата за поставување билборди на јавна површина со оглед дека се доцнело цели три години од предвидениот рок.

Проектот за нова локација на гробиштата во Скопје, со рок до декември 2009 е откажан со образложение дека ќе се преименува во нов проект за проширување на постојните гробишта во Скопје.

Ова предизборно ветување не е исполнето а истиот проект повторно се најде во новата програма на Коце Трајановски (2013- 2017).

Проектот за обезбедување нови гробни места во Камник е исполнет целосно.

Ветувањето за изработка на просторен план во скопскиот регион со рок до септември 2010 е неисполнето.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија