Носителот на листата во изборната единица број 4 Слободан Богоески, заедно со поголемиот дел на кандидатите за пратеници од листата на коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, денеска се на средби со граѓаните во гевгелискиот и валандовскиот крај.
На средбите скоро сите граѓани ги истакнуваат проблемите на сиромаштијата, невработеноста, без преспективноста на младите, големите притисоци врз приватните фирми, рекетот на режимот на власт и одземената слобода.
На прес конференцијата носителот на листата Слободан Богоески им ги презентираше, основните приоритети од програмата на коалицијата, за решавање на актуелните и долгорочните проблеми во Република Македонија.
Воедно ги повика и граѓаните масовно да излезат на овие избори, бидејќи тие се еднакво значајни како референдумот од 8-ми септември 1991. Изборот ќе биде или Македонија и народот во
Македонија или злосторничкото здружение на власт.
Самите граѓани револтирано изјавуваа дека Груевски не треба да доаѓа во Гевгелија, ниту во Валандово и дека ќе го казнат за сите злодела кои ги направи неговиот режим врз народот.
Ви благодариме на соработката.