Коалиција за промени и правда: На кандидатските листи да нема осомничени лица

Од:

Коалицијата за промени и правда денеска упати јавен повик до сите политички партии кои ќе учествуваат на изборите на листите на кадидати за пратеници да не кандидираат обвинети и осомничени лица за кои се води истражна или предистражна постапка пред надлежните судови.

„1. ЈАВЕН ПОВИК до сите политички партии кои ќе учествуваат на изборите заради почитување на неговото височество гласач, на листите на кадидати за пратеници да не кандидираат обвинети и осомничени лица за кои се води истражна или предистражна постапка пред надлежните судови. Иако максимално го уважуваме начелото на презумпција на невиност, но сепак сметаме дека на ваквите лица не треба да им се дава можност евентуално да се здобијат со пратенички имунитет со што би се оневозможила или би се успорила постапката која се води за нив.

Крајно неодговорно е, понижување на граѓаните и покажување на мускули на лица од власта- носители на високи државни функции кои беа со одлука на Ѓорге Иванов по неколкупати аболицирани, сега да бидат носители или дел од кандидатите на листите за пратеници.
2. „Бегалка“ е драма во пет чина од македонскиот драмски писател Васил Иљоски чие дејствие се случува во првата деценија на ХХ век.
,,Бегалци“ – е култна драма во безброј чинови чии автори и режисери се криминализираните елити на партиите на власт која се одигрува и ќе се одигрува пред надлежните судови, СЈО и полицијата на Р. Македонија во сезоната 2016/2017
Ако ,,Бегалка“ на драмскиот писател Васил Иљоски ги претставува патријархалните и конзервативни односи во семејствата во Македонија во првата деценија на ХХ век,  современата драма ,,Бегалци“ ги отсликува, бедата, немоќта, раскалашеноста, лагата, стравот, кукавичлукот и лажниот патриотизам на главните македонски политички актери во втората декада на XXI век .
Бега Груевски од судот во процес во кој е сведок, а како ли ќе биде кога ќе почне постапката во која е обвинет.!?
Бегаат Али Амети и Муса Џафери од судот во процес во кои тие се тужители.!
Бега од полицијата јавнста ,,мајчиното“ дете – министер!
Избегаа странските служби со жолти комбиња од вокабуларот на лидерот на ДПМНЕ!.
Ги снема амбасадорите кои се мешале во внатрешните работи на државата..!
Го снема пишман давачот на аболицијата.!
Едноставно се удрило на бегање…
Го чекаме времето односно денот кога пастирот ќе избега од стадото.
3. Деновиве се регистрирани околу 500 гласачи за претстојните парламентарни избори од ИЕ 7, поточно само во Австралија. Според информациите што ги поседуваме претежно се запишани пензионери што е малку чудно и остава простор за сомнеж со оглед на фактот дека пријавувањето се врши по електронски пат, а најголемиот дел од нашите иселеници во поодминати години воопшто не познаваат работа со компјутер.  Постои основано сомнение дека поради малиот интерес за пријавување на гласачи од дијаспората се користат пријавите од претходното пријавување на гласачи од дијаспората. 
4. И покрај тоа што кампањата сеуште официјално не е започната на Австралискиот континент веке наголемо се стартува со недозволено агитирање и тоа од лица кои не смеат да го прават тоа. Се работи за македонскиот амбасадор и конзул во Австралија кои наместо да ја претставуваат државата и да ги реализираат државните потреби и интереси се повеќе се ставаат во улога на агитатори на партијата која ги испратила на гурбет.  Чуму е потребата од присуство на луѓе од амбасадата и конзулатот на партиски состаноци  како и на состаноци кога заради агитација доаѓаат партиски делегациии од Македонија во посета на своите сопартијци во Австралија?
Во таа смисла прашање до ДИК и до Министерот за надворешни рабори Никола Поповски – Дали сметаат дека ќе имаме фер избори доколку овие државни службеници и партиски агитатори и понатаму бидат на чело на Избирачките одбори на овој континент???????
5. Македонците во дијаспората се повеќе се разочарани од фактот што три изборни циклуси им се наметнува кандидат за пратеник по мислење на државните функционери, а не на нашинците во дијаспората. Јавно го поставуваме пршањето дали новиот кандидат на ДПМНЕ ќе биде лице од Сиднеј  по предлог на Амбасадорот Трпевски – патем негов близок пријател???
6. Втората институција која треба да стои настрана од изборите во дијаспората е Австралиско- македонска црковна епархијата и Нов Зеланд под диригентската палка на надлежниот владика кои наместо да проповедаат религија и да го обединуваат народот за добро и тие се впуштиле во партиска кампања. Според нашите информации од нашите членови и симпатизери во црквите се пополнуваат апликации за гласање и се убедуваат постарите лица да гласаат за партијата на власт.
7. Kоалицијата за промени и правда планира своите листи на кандидати да ги објави на 9 ноември 2016 година“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Ќе се случат промени во Република Македонија

Ана Ололовска

Трајанов: Дојде крајот на режимот, не ви се плашиме!

Предраг Петровиќ

Коалицијата за Промени и Правда: Граѓаните од Влае, Тафталиџе, Козле и Хром, ќе гласат за промени

Ана Ололовска

Коалиција за Промени и Правда: Само со масовно гласање режимот ќе падне

Ана Ололовска

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Образованите ни ги земаа како „алва“ за да печалат за газдите по Германија, Швајцарија, Шведска…

Ана Ололовска

Делов: Гласот за Коалицијата за промени и правда е глас за доброто на Македонија

Ана Ололовска