Клековски и Аџигогов се нови директори во ФЗО

Од:

Примопредавање на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија беше извршено денеска, информираат од ФЗОРСМ.

Досегашните директори Магдалена Филиповска Грашкоска и Асаф Абдурамани како в.д. директор, ја предале должноста на новите в.д директори – Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата.

– Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30-годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор. Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот, се наведува во соопштението.

Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.

Би можело да ве интересира

ФЗО: Не доцниме со исплата на надомест за породилно отсуство

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Клековски: Пристигнаа 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиохируршки интервенции

Пет претставки од граѓани до ФЗО за спорни кардиолошки случаеви

Горан Наумовски

Клековски: Нема пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев

Клековски: Интерната комисија располага со потребна документација, не верувам дека може да се заташка или да се влијае некако

А1он