МЕПСО: Ќерката на Невзат Бејта е вработена во МЕПСО бидејќи беше најдобар кандидат

Од:

Од АД МЕПСО за „Макфакс“ ги потврдија информациите во јавноста дека ќерката на ексградоначалникот на Гостивар oд ДУИ, Невзат Бејта, Фиторе Бејта Акику е вработена во МЕПСО. Од таму велат таа била избрана како најдобар кандидат од пријавените на огласот на енергетската компанија.

„На последниот оглас за вработување објавен во согласност со Законот за работни односи на работната позиција референт за набавки во одделот за комерцијални работи вработено е горепосоченото лице како најдобар кандидат од конкурентите на огласот“, одговорија од МЕПСО за „Макфакс“.

Од компанијата одговорија дека договорот за вработување е склучен во четвртокот на 20 декември 2018 година. Работната позиција е референт за набавки, во одделот за комерцијални работи, во службата за комерцијално набавни работи, со виша/висока стручна спрема. Нето-платата што ќе ја добива Фиторе е 36.540 денари, како што било објавено и во огласот за вработување.
Во АД ЕЛЕМ годинава се вработи и ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери како референт за правни работи.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

(ВИДЕО) Бејта: Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ неуставно ја узурпираат и ја партизираат дипломатијата

Горан Наумовски

Дефект и краткотраен испад на преносната мрежа, МЕПСО објави зошто голем дел од земјава остана без струја

Катерина Ѓуровски

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај