Ќе врне до утре попладне, викендов многу потопло

Од:

До крајот на денот и утре претпладне ќе се задржи променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд претежно во северните делови. Ќе дува и умерен до засилен ветер.

Управата за хидрометеоролошки работи попладнево соопшти дека во Скопската контлина и во централните делови од земјава било нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен и северозападен правец.

До 17 часот наврнати се 10 литри на метар квадратен во Ѓуриште, пет во Штип, четири во Берово, три во Виница, два на Зајчев Рид во Скопје и во Демир Капија и еден литар во Маврово и Лазарополе.

Веќе од утре попладне се очекува намалување на облачноста. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, кој особено ќе биде изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 15 до 22 степена.

Во Скопје утре слично време со минимална температура до 9 и максимална до 20 степени.

Од сабота, синоптичарите најавуваат стабилно, сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен