Ќе се премисли ли Весел Мемеди за оставка од пратеничката функција?

Од:

Уште пет дена има Весел Мемеди од НДП да размисли дали ќе ја повлече оставката како пратеник и потпретседател на Собранието, како што се надева собранискиот спикер Талат Џафери. За 9 јули е закажана седницата на која меѓу другото треба да се констатира и оставката на Мемеди, како што најави спикерот Џафери на брифингот со новинарите. Неофицијално Мемеди размислувал за повлекување на оставката , но тој ниту ја потврди ниту ја негира информацијата.

„Одговорот ќе го дадам на 9 јули кога ќе бидам на дневен ред на седницата“, одговори Мемеди преку СМС-порака.

Арта Точи од Алијансата за Албанците е следна на листата , која би требало да седне на местото на Мемеди ако тој не отстапи од намерата да се повлече од пратеничката функција.

Мемеди оставката ја поднесе минатата недела , лут на премиерот Зоран Заев и владината коалиција што без негоц согласност донеле одлука да го разрешат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и на негово место да дојде Горан Милевски од ЛДП. Заев тврдеше дека на НДП им било понудено да предложат министер без ресор, додека Мемеди рече дека немал намера да прави политички пазар за смена на министерства.

Би можело да ве интересира

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мемеди: Смирете ги луѓето, може да биде опасно

А1он