Ќе се исплаќа отштета на лицата неоправдано осудени за „Сопот“

Од:

Владата на вчерашната седница даде согласност и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за случајот „Сопот“ и исплата на штета на лица поради неоправдана осуда.

„По тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот. Владата исто така, го овласти Државниот правобранител за подрачје Скопје, Зоран Петковски да потпише спогодба за судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој судски предмет“, се појаснува во денешното соопштение од владината прес-служба.

Обвинетите во „Сопот“ беа ослободени во март минатата година и беа прогласени за невини. Два месеци подоцна осудениците и официјално од Министерството за правда побараа отштета од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра. Тие беа осудени дека во 2003 година поставиле мина на пат која експлодирала, при што во експлозијата загинаа војници на НАТО.

Тие беа осудени во март 2010 година на вкупно 150 години затвор. Во меѓувреме едниот од осудените почина.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад