Ќе се гради пречистителна станица за вода за пиење на браната Лошана

Од:

Швајцарската амбасада ќе инвестира во изградба на пречистителна станица за вода за пиење на браната во Општина Делчево.

На денешниот прв состанок на претставници од Амбасада на Швајцарската Конфедерација со градоначалникот Горан Трајковски и стручниот тим од Општина Делчево, беа дефинирани рамките и насоките за отпочнување на проектот за изградба на филтер – станица на браната Лошана.

Клиф Хамер, претставник на Швајцарска амбасада истакна дека инвестицијата конкретно ќе предвидува нов систем за прочистување на водата за пиење.

– Со ова ќе се обезбеди чиста вода за пиење, а ќе се реши и недостигот на вода, не само на граѓаните на Делчево туку и на населените места. Вкупната вредност на проектот е 7,5 милиони швајцарски франци. Донацијата од Швајцарската Конфедерација е 6 милиони швајцарски франци, во самиот проект ќе инвестира и македонската Влада преку Министертсвото за животна средина со 1,4 милиони швајцарски франци, додека Општина Делчево ќе учествува со 30 илјади швајцарски франци со што ќе придонесе кон успешната реализација на проектот. Главниот партнер и главните наши соработници ќе бидат општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“, истакна Хамер.

Градоначалникот Трајковски потенцираше дека Општина Делчево е подготвена со стручните тимови да работат заедно со консултаните со цел да се реши горливото прашање со квалитетот на водата за пиење.

– Овој проект е од огромно значење за граѓаните на Општина Делчево и со него ќе решиме децениски проблем. Начелниот договор ќе биде потпишан пред Нова година, а со имплементацијата на проект ќе започнеме од јуни наредната година, рече Трајковски.

Инаку, изградбата на прочистителната станица е втор капитален проект во Делчево во последните 10 години. Хидроакумулацијата Лошана беше изградена во 2008 година при што беше решен проблемот со недостигот на вода за пиење на градот Делчево и неколку населени места во општината.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија