(ВИДЕО) Ќе ја бираме Гордана Гешковска

Од:

Лидерот на СДСМ објави снимка за која посочи дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.

Слушнете за тоталната поклопеност и узурпација на судството. Како по налог на Сашо Мијалков се поставувани јавни обвинители, меѓу нив и Гордана Гешковска позната по спорните случаи, А1, Глобал, Изгрев, Бачило…, но и како се партизира Обвинителството со други обвинители.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало
СМ: Горде, шо праиш?
ГЈ: Еве, на Влада.
СМ: Можеш една минута?
ГЈ: Можам, можам, еве сега ќе искочам.
СМ: Види, утре треба да се бираат, ќе ја бираме Гордана Гешковска, знаеш тоа.
ГЈ: Аха, да, да, нели тоа шо договоривме.
СМ: И треба да се бира еден јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.
ГЈ: Аха. Така.
СМ: Дали имаш ти некоја ургенција?
ГЈ: Абе види, нели тогаш ги гледавме ние заедно ако ти текнува, кога бевме кај Марко. Ние ургенции имаме, ама работава е што таму по закон само со Академија може да се бираат. И тоа беше проблемот. Знаеш, нема веќе од надвор.
СМ: Ја не знам они како сакаат, само со Академија требало да се бираат. Сите се академци овде, сите четворица.
ГЈ: Така е нели нивниот закон.
СМ: Сите четири кандидати. Четири кандидати има за едно место. Сите четири се академци.
ГЈ: Да де, да. Ги издиференциравме, ама тие секако Сашо ќе влезат, дали на овој или на следниот конкурс, така да…
СМ: Не, дали има…вака сега, дали имаш некоја посебна ургенција?
ГЈ: Не, посебна не, посебна не.
СМ: Затоа што јавниот обвинител има и сега прашува, ако имате вие, неговата да почека.
ГЈ: Сашо, значи…
СМ: Ако немаме ние некоја што ни толку значи, да влезе неговата.

19. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало
СМ: Горде
ГЈ: Еј, кажи.
СМ: Таа што сме ја договориле ние тогаш, таа е таа од Кичево?
ГЈ: Ууу, ич не знам Сашо…
СМ: Маж и бил некој у Антикорупциска некој што нé поддржувал?
ГЈ: Ааа, не у Антикорупциска, у Лустрациска да не беше.
СМ: Како?
ГЈ: У Лустрациска, не во Антикорупциска.
СМ: У Лустрациска?
ГЈ: Да.
СМ: Може да е.
ГЈ: Знаеш кој? Од Кичево оној, вицко еден, така, помлад што е.
СМ: Ние ја договривме таа тогаш, така?
ГЈ: Па таа ја квалификувавме како наша.
СМ: Епа, ај да не мењаме, тогаш ќе идеме со таа, па оваа ќе ја остаиме за следниот пат.
ГЈ: Наша е, да го видиш, ќе ти текне на човекот.
СМ: Ако нé поддржава тој таму во Антикорупциска,
ГЈ: Во Лустрациска…
СМ: Во Лустрациска, мада таму не знам шо се поддржава…
ГЈ: Абе, знаеш таму луда ванда се, ама тие се тие за наши шо ги рачунаме. Тој шо е најмлад, еден црн, така, со брада, на состаноци шо доаѓал, тој најмладиот, таа му е жена на него.
СМ: Епа ајде тогаш да ја стаиме таа, а наредната да биде оваа Кожовска и готово.
ГЈ: А, наредниот пат оваа на може и така, ок.
СМ: Пошто Марко вика, ако му е сестра, он си ја знае, ќе се ја земеме кај нас.

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски