На вечерашниот граѓански парламент во Кавадарци опозицијата повторно побара предвремени парламентарни избори и заминување на актуелната власт, пренесе Дума.мк.
На собирот се обрати и кандидатот за градоначалник на опозицијата Бетиан Китев кој се осврна на лошите состојби од седумгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Ни режимот на Лукашенко не се обиде да исфрли пратеници и новинари од парламентот. Тоа се случи само кај нас. Единствен излез од оваа криза се фер и демократски парламентарни избори. Влста не смее повеќе да ја избегнува демократијата, Не смее да ги заборава лозарите и стечајците. Не направи ништо да го подобри нивниот статус. Имаме три клучни моменти кои се битни за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Повисоки сметки за вода, нерешен проблем на лозарите и повисоки даночни решенија, рече Китев пред своите сограѓани.