Кирацовски: Единствена опција се фер избори!

Од:

Потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за  информатичко општество и администрација Александар Кирацовски  денеска беше помеѓу граѓаните на Младо Нагоричане и Старо Нагоричане.

Со граѓаните се разговараше за проблемите од секојдневниот живот.

-Оваа власт ни ги грабна шумите и земјиштата од раце. Никој не сака во јавноста да го пренесе овој грабеж. Ова не е по волјата на  народот. Затоа ни требат транспарентни медуми,  се пожалија граѓаните.

-На Македонија и е потребна домаќинска Влада која ја извади државата од бездната во која ја втурнаа.  СДСМ ќе гради еднакво и праведно општество, со модерно здраство и образование,  ќе ја стимулира домашната економија, бизнисмените и земјоделците. Заедно со вас, граѓаните,  ќе ја нормализираме државата и ќе ја вратиме на вистинскиот пат. Заедно ќе ја изградиме модерна и европска Македонија, рече Кирацовски.

На средбите со граѓаните се зборуваше и за актуелната политичка состојба.

Кирацовски повтори дека единствена опција и цел се фер и демократски избори.

-Вчера сите бевме сведоци како Груевски после сите лаги и криење од јавноста со денови призна дека нема услови за фер и демократски избори на 24ти април.Никола Груевски се плаши од слободни избори, но веќе ништо не зависи од него. Тој е минато. Во Македонија мора да имаме легитимна Влада која ќе ги решава проблемите и ќе ја врати државата на европскиот пат. Промените доаѓаат и ништо нема да ги сопре. СДСМ ќе ја превземе одговорноста и заедно со граѓаните ќе создадеме Европска и просперитетна Македонија – рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено