Македонскиот кандидат за функцијата Генерален секретар на ООН Срѓан Керим по завршениот четврти круг гласаање е меѓу првите четворица, соопштуваат од неговиот кабинет.
Меѓу првите четворица се пласираа португалецот Антонио Гутјереш, словачкиот кандидат Мирослав Лајчак, српскиот кандидат Вук Јеремиќ и Срѓан Керим, од вкупно 10 кандидати.
Следното гласање во Советот за безбедност е закажано за 26 септември 2016 година.