Казнет е возачот кој „леташе“ со 293 километри на час на автопат кај Неготино

Од:

Министерството за внатрешни работи делуваше по објавата на шокантно видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач управува со патничко моторно возило со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на Неготино.

На тој дел од патот максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Возачот, А.Д.(36) од село Елово, скопско, веднаш e идентификуван, пронајден и повикан од полицијата.

„Тој е санкциониран согласно законските одредби“ – велат од МВР.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за зачувување на безбедноста на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он