Каубојска шема: Социјалниот работник Гоце Прцулоски заедно со таткото од Охрид со негово возило сакале да го одземат детето од мајката

Од:

Гоце Прцулоски од Центарот за социјални работи во Скопје со цел да го одземе детето од мајката Невена Спасеска, бил превезуван токму од таткото Спасе Спасески од Охрид на кого судот по сомнителната пресуда и апсурдното образложение му го додели старателството по разводот.

Поради ова, адвокатката на мајката, Аница Цветановска, поднела кривична пријава за злоупотреба на службената положба со оглед дека „вработените како дел од стручниот тим во активен предмет согласно подзаконските акти на ЈУ МЦСР на Град Скопје најтрого е забрането и не е дозволено како службени лица да се превезуваат со приватни возила на странки кои имаат активни предмети“.

Социјалниот работник Гоце Прцулоски, кој е најангажиран да го земе дететото од мајката, без најава, со возило на таткото Спасе Спасески, мерцедес со охридски регистерски таблички, на 11 април се паркирале зад зградата во Скопје каде што живее мајката. Спасески чекал во колата, а Гоце Прцуловски откако не ја нашол дома мајката, се вратил во возилото на таткото Спасе Спасески, кој го однел со своето возило до станот на нејзините родители за да ја бараат таму и неа и детето. Прцулоски не се легитимирал на влезот на пријавница каде што живее мајката Невена Спасеска, а сакал да оди во нејзиниот стан. Од него адвокатката Аница Светановска писмено побарала да образложи „во какво својство Прцулоски бил во зградата, дали имал работен налог, дали користел службено возило и дали како социјален работник постапувал согласно неговите надлежности“,

Со оглед дека не одговорил, адвокатката наведува дека „се смета дека немал работен налог за посетата, и не користел службено возило за посетата“.

И од комисијата за водење на дисциплинска постапка во Центарот за социјални работи, адвокатката побара да утврди дали Прцулоски совесно и толку ангажирано постапува и по другите предмети? Во дописот со кој се бара дисциплинска постапка се наведува дека „има сознанија за застој на голем број предмети на кои работи Прцулоски, а од друга страна покажува посебен ангажман за конкретниот предмет што упатува на сомнеж дека има некаков интерес“.

Прцулоски е дел од стручниот тим на Центарот кој секојдневно врши притисок врз мајката Невена Спасеска да го одземе детето, а притоа таа не добива одлука ниту е регулирано кога и на кој начин временски таа ќе биде со четиригодишниот син. Социјалниот работник Гоце Прцуловски инсистира да го земе детето врз основа на старо решение кое важеше за таткото, но сега по пресудата од Битола повеќе не е во сила тоа решение и со него не може да се регулираат правата на мајката. И покрај неколкуте писмени дописи до Центарот, со кои мајката бара да се одреди како и кога може да се гледа со детето, засега нема одговор.

Центарот за Социјални работи во Скопје, секако ќе треба да се изјасни дали по овој случај на заедничко развозување низ Скопје со таткото за да го земат дететото, Прцулоски може независно да продолжи да работи на овој предмет зошто станува нејасно за чиј интерес работи? Дали е ова протокол по кој функционира Центарот во Скопје и дали праксата е вака „каубојски“ да се одземаат деца?

Поради несоодветно постапување во предметот во кој на мајката Невена Спасеска и е одземено детето, веќе е разрешен директорот на Центарот за социјални работи во Охрид, Игор Еленчески и против него е поднесена кривична пријава од надлежното министество за социјална политика.
Спорните заклучоци на двата суда, во Охрид и Битола, оставаат простор за сомнеж дека се работи за договорена, а не правична судска одлука. Во ова најголема улога одиграл Центарот за социјални работи од Охрид, од каде е и таткото, кој не бил надлежен за случајот, но сепак судот го прифатил и покрај неколкуте укажувања од Министерството за труд и социјална политика дека за случајот е надлежен Центарот за социјални работи во Скопје и кој сметал дека старателството треба да се довери на мајката.
Невена Спасеска нема решение со кое ќе се утврди кога може да го зема дететото од кај таткото, по пресудата во Битола. Прцулоски е заинтересиран претходно да го земе „каубојски“ , а потоа наводно се ќе се реши во Центарот за социјални работи во Охрид, од истите луѓе кои веќе „покажаа дека се зависни од локалните моќници“. Агонијата може да ја прекине само Врховниот суд, каде е пристигната жалбата од мајката на која како и на целата јавност не и е јасно зошто и е забрането да биде мајка.

Би можело да ве интересира

Невидени притисоци од Центарот за социјални работи во Скопје да и го земат четиригодишното дете

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Предраг Петровиќ

Постапката четиригодишното дете да му се даде на таткото наместо на мајката мора да се повтори-одбраната укажува на нерегуларности

Предраг Петровиќ