Католиците и дел од православните вечер го празнуваат Бадник, во пресрет на Божик

Од:

Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос.

Во државава централната прослава по повод празникот ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.

Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Би можело да ве интересира

Честитка од Џафери по повод католички Божик

Наум Локоски

Мицкоски за католичкиот Божик: Да ставиме крај на поделбите и омразата и да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас

Наум Локоски

Кирацовски за Божик до граѓаните кои го празнуваат: Божиќниот дух на добри дела, мир и спокој нека владее во годината што доаѓа

Наум Локоски

Честитка од Иванов по повод прославувањето на католички Божик

Наум Локоски

Католиците, протестантите и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Наум Локоски