(ВИДЕО) Касами: Земјата е во критична ситуација за продолжување со ЕУ интеграциите

Од:

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи сериозно со процесот за евроинтеграции, изјави Билал Касами по лидерската средба која траеше четири часа.

„Интензивните преговори меѓу политичките чинители се многу важни и ние ќе придонесеме процесот да заврши со договор ДИК да се формира и референдумот да биде успешно организиран и на сите граѓани да им се даде слобода да ја изразат волјата сè со цел Македонија да биде членка на Европската Унија“, рече Касами од опозициската Беса.

На средбата учествуваа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и Билал Касами од Беса. Тие разговараа за референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи оваа есен.

Галена Николовска – Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Касами: Ќе водиме состојба на ред, правда и дисциплина

А1он

Касами: Неуспесите на 18-годишното владење на ДУИ не можат да се покријат со барањето за премиер Албанец

А1он

Ахмeти е за датум за избори со консензус, Касами вели дека сакале избори во јуни

Кристијан Ландов

Касами: Беса ќе ја поддржи секоја одлука што ќе се донесе со кенсензус

А1он

Заев и Касами сè уште без договор, неизвесен стартот на седницата за уставни измени

Наум Локоски

Касами бара двојазичност за поддршка за уставните измени, до вторник нова средба меѓу владата и БЕСА

Наум Локоски