Касами најави протести ако не добијат свој член во Државната изборна комисија

Од:

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денес од Тетово најави дека ќе протестираат ако не се дозволи во Државната изборна комисија (ДИК) да има член од опозицискиот политички блок кај партиите на Албанците. Ова го истакна, одговарајќи на новинарско прашање, што ќе се случи ако немаат свој член во ДИК, а потенцирајќи воедно дека тоа е предвидено во соодветниот закон за избори.

-Се работи за едно законско право, тука нема можност за калкулации, самото барање на претседателот на собранието поставено до опозициските партии не до Алијанса за Албанците која претендираше дека треба да го добие тоа место, покажува дека законот е јасен. Но и понатаму претседателот на Собранието се обидува да направи опструкции во овој дел со тоа што има пратено писмо и до партии кои не биле, не постоеле до последните парламентарни избори а тоа го бара законот значи, партиите кои произлегуваат од последните парламентарни избори. Така, јасен е законот, рече Касами.

Тој рече дека како опозициски партии имаат конкретен предлог кој човек да биде член и се надеваат дека Собранието ќе постапи согласно законот.

-Тие се законодавен дом и ако тие не го почитуваат законот и не може да го очекуваме други да го почитуваат. Ние се надеваме дека до пред, формално да се формира техничката Влада ќе го добиеме нашиот член затоа што тоа е предуслов за фер и демократски избори. Но ако во секој случај, претседателот на Собранието продолжува да ги игнорира законите, јас во една прилика кажав дека ние нема да дозволиме да се организираат избори каде што сите партии и сите граѓани ќе немаат еднакво право да учествуват и да го дадат својот глас за ги изберат своите претставници на следните избори. Дадов пример дека ќе протестираме, ќе ги искористиме сите нашите демократски права за да не дозволиме недемократски и нефер избори да се организираат во Македонија, истакна Касами од Тетово каде како градоначалник изврши промоција на реконструирана улица.

Би можело да ве интересира

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Касами: Од понеделник почнуваат преговорите за формирање влада

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени

Касами: Веќе е најавено дека „Влен“ ќе биде дел од наредната влада

Предраг Петровиќ

ДУИ го обвини Касами дека милиони евра од општината преку тендери ги дава на едно семејство

Градоначалникот Касами ја критикуваше полицијата за сообраќајниот хаос во Тетово, тврди дека има доволно паркинг места во градот