Каракачанов: Не можеме да правиме компромис за прашања поврзани со бугарската историја

Од:

Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, коментирајќи ги денешните разговори на делегациите на Северна Македонија и Бугарија во Софија.

– Ние го искажавме нашиот став, кој е јасен, недвосмислен и целосно се совпаѓа со рамковната позиција што беше усвоена од Парламентот во октомври минатата година. Објаснивме дека не можеме да правиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарскиот херој, на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја, изјави Каракачанов.

Тој, како што пренесе Новини.бг, нагласил дека средбата се одвивала во искрен и пријателски тон, при што од бугарска страна било истакнато дека Бугарија „не води политика со инает, дека е суверена држава и не е под влијание на еден или друг европски главен град“.

Ваквата изјава Каракачанов ја даде по откривањето на спомени на Гоце Делчев во градот Самоков.

– Можеби денес некој во нашиот западен сосед не ја прочитал добро историјата и се прашува што бил е Гоце Делчев. Ако има сомнеж, може да ги прочита стотиците писма, статии и други материјали што ги напишал Гоце Делчев, изјави Каракачанов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање, порача Кос

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Агендата на Софија е создавање нова македонска нација, Европа има шанса да ја исправи историска неправда

Катерина Ѓуровски

Која гаранција ќе биде конечно доволна за Мицкоски, прашува Филипче