Карајанов ја претстави платформата за дипломатски активности во Албанија

Од:

Унапредување на политичките и економските односи со пријателска Република Албанија, како и на правата на македонското малцинство, ќе бидат меѓу приоритетните дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Албанија, Стојан Карајанов, кој денеска пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика ја претстави својата платформа.

Во рамки на интензивирањето на политичката комуникација на високо ниво, Карајанов посочи дека ќе се заложи новата Влада да го потврди прифаќањето на иницијативата за одржување заедничка владина седница покренато од македонската страна. Во тој контекст најави и активности за унапредување на односите меѓу парламентите на двете земји.

Според него, постои нагласен интерес за соработка во информатичката област, каде Албанија заостанува зад нашата држава, штом би се остварило со потпишување меморандуми за соработка на министерско ниво. Особен интерес постои, вели, и за нашите искуства во процесот на евроинтеграциите, со оглед дека Албанија се уште чека на статус на кандидат за членство во ЕУ.

Македонија, пак, вели очекува поддршка од Тирана за полноправното членство во НАТО, подвлекувајќи дека таа земја не смета за формална членка на Алијансата додека не се реши спорот за името со јужниот сосед, на кој гледа како на внатрешно прашање меѓу двете држави.

Во однос на економските релации амбасадорот Карајанов потенцира дека во 2012 година вкупниот обем на стоковна размена меѓу двете земји изнесувал 115 милиони евра, од кои 75 се македонски извоз во Албанија. Овој тренд, вели, бележи постојан пораст, но се уште има огромен неискористен простор за пласман на македонски производи и заедничко делување на трети пазари, а во делот на инфраструктурата за заеднички настапи за изградба на обиколницата околу Охридското Езеро, рече Карајанов додавајќи дека од македонска страна завршени се активностите на оваа делница. Можност за соработка гледа и во туризмот, во здравството и во образованието, како и во делот на животната средина каде двете земји имаат интерес за заштита на Охридското, Преспанското Езеро и Студенчишкото Блато.

Би можело да ве интересира

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

Брисел размислува за европска дипломатска академија

А1он

Промоцијата на книгата „Културна дипломатија: уметноста, фестивалите и геополитиката“

Ана Ололовска

Кристијан Тимоние нов амбасадор на Франциија во Македонија

Емир Латифовиќ

Чешкиот претседател Земан во јуни во посета на Македонија

Емир Латифовиќ

Руската амбасада организираше изложба за победата над фашизмот

Емир Латифовиќ