Канческа-Милевска се сретна со филмаџиите од играната серија „Црвениот поет“

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска се сретна со филмаџиите кои во Битола ја снимаат играната серија „Црвениот поет“, историска драма посветена на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

На средбата со актерите и филмската екипа, министерката Канческа-Милевска, рече дека „Црвениот поет“ е првата играна серија што се реализира во Македонија и е посветена на еден од најзначајните историски личности Рацин, македонскиот поет и револуционер.

– Во играната серија се претставува историскиот лик на Коста Солев Рацин од неговото раѓање па се до неговата смрт, прикажан низ различни историски премрежја, настани од период пред Втората светска војна и за време на Втората светска војна. Се надевам дека со завршувањето на снимањето на оваа играна серија ќе се поттикнат и други продукциски куќи да создаваат играни серии кои освен кај нас ќе бидат емитувани и во други држави каде ќе се гледаат македонските играни серии, истакна Канческа-Милевска.

Играната серија „Црвениот поет“ се снима на повеќе локации во Битола и се очекува да заврши до средината на овој месец, а првата епизода ќе биде емитувана во јануари, беше најавено на денешната средба на министерката Канческа-Милевска со актерите и тимот филмаџии кој го предводи режисерот Николче Поповски.

– Приказната почнува во 1908 година, а завршува во 1943 и говори за животот и делата на еден од најголемите наши поети Кочо Рацин. Во серијата е опфатен синдромот на маргинализирање на оние кои нам најмногу може да ни помогнат и да придонесат за нас. Се надевам дека на овој начин конзервираме дел од нашата историја и дека овој тип на производство на играни серии ќе продолжи и понатаму, а моите колеги ќе го препознаат како предизвик, истакна режисерот Поповски.

Главната улога, ликот на Коста Солев Рацин го игра актерот Александар Ристоски кој рече дека сака уште повеќе да се слави еден поет што е во рангот на најголемите светски поети.

Продукцијата на серијата ја водат Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од продуцентската куќа „Сектор филм“, а како дел во авторската екипа се Сашко Насев, сценарист потоа Кирил Спасевски сценограф и костимографот Емилија Ивановска Атанасовска, а директор на фотографија е Апостол Трпески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски