Канческа-Милевска: Проблемот меѓу телевизиите и ММИ не е во прилог на поддршка на македонското музичко творештво

Од:

Проблемот кој искрсна помеѓу телевизиите и здружението Македонска музичка индустрија не оди во прилог на поддршка на македонското музичко творештво, изјави денеска во Гостивар министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во врска со потегот на неколку телевизии да не емитуваат музика на македонски автори.

– Министерството упати барање до телевизиите кои добиле допис од ММИ, да го препратат до нас и да го разгледаме. Ние претходно, по извршениот надзор, препорачавме да се преговара и да се договорат условите на соработката помеѓу телевизиите и ММИ околу начинот на прибирање на средствата. Доколку здружението ММИ не постапило по препораката и не доставило допис за договарање и преговарање за наплатата и тарифникот, не може и неприфатливо е да врши наплата. Доколку тоа е сторено, Министерството ќе преземе соодветни мерки, изјави министерката Канческа-Милевска.

Министерството за култура минатиот месец изврши увид во општите акти на ММИ, организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи, и утврди дека непрописно се наплаќа користењето на музиката на јавни места. Со тоа ММИ, додека не ги исполни пропишаните критериуми, ќе нема право во име на авторите да наплаќа за музика што се пушта во кафе-барови, ресторани, салони, телевизии и други субјекти.
Министерството за култура започна постапка за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ