Кампања „Помош за Алепо“

Од:

Здружението на граѓани „ЛЕГИС“ и Првата детска амбасада во светот Меѓаши од денеска ја спроведува Неделата на солидарност со децата бегалци од Сирија, во рамки на кампањата „Помош за Алепо“. Кампањата има за цел помош на бегалците кои се лоцирани во камповите на граничната зона во Турција со Сирија.

Претседателот на Здружението на граѓани „ЛЕГИС“ Јасмин Реџепи на денешната прес-конференција истакна дека во светот се ушти постои голем број бегалци и додаде оти ние не треба да престанеме со нашата солидарност.

– Целта е со оваа хуманитарна акција да им помогнеме на семејствата кои се евакуирани, да им помогнеме на децата од Алепо. Тоа се над 50.000 жители кои се во камповите на границата до Турција и во самата Турција, рече Реџепи.

Појасни дека кампањата има два дела, хуманитарен и образовен. Во хуманитарниот дел ги повика медиумите за поддршка и информира дека се испечатени картички во кои се објаснува состојбата на бегалците од Алепо и состојбата на децата. Опишан е начинот како може да се донира, онлајн или со уплатници. Ќе бидат поставени и кутии на неколку места во градот, каде луѓето ќе можат да донираат.

– Помошта која ќе ја собереме ќе биде пратена преку Турција директно до камповите каде се наоѓаат евакуираните жители на Алепо, рече Реџепи.

Претседателот и основач на Првата детска амабасада во светот Меѓаши Драги Змијанац се задржа на образовниот дел на кампањата и изрази надеж дека во наставата ќе се одвои барем еден час за оваа тема.

– Во таа насока издадовме брошура „Сите сме деца на овој свет“, наменета за наставниците, на македонски и на албански јазик. Таа е достапна на нашата веб-страница и секој може да ја подигне. Да се разговара за децата бегалци и за нивните потреби и граѓаните во Македонија да бидат свесни за состојбата во која се наоѓаат децата во Сирија, рече Меѓаши. Организаторите изразија надеж дека кампњата ќе биде успешна и најавија дека на крајот ќе дадат информација за тоа колку средства се собрани.

Одговарајќи на новинарско прашање Реџепи појасни дека во моментов во Македонија има околу 130 бегалци од Сирија. Околу педесет се во Табановце и во Гевгелија, другите се во Визбегово и во Скопје.

– Камповите, односно транзитните центри кои ги имаме во моментов се едни од најдобрите на Балканот. Најголемиот проблем е тоа што тие луѓе немааат слобода, а децата немаат образование, рече Реџепи и додаде дека се трудат да ги обезбедат со облека и храна.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права