Камион усмрти 71 годишен велосипедист

Од:

На регионалниот пат Виница-Берово, кај местото викано „Говедарски пат“, 71 годишен виничанец утринава го загубил животот, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Панајотова појасни дека починатиот виничанец со својот велосипед се движел по регионалниот пат и од засега непознати причини во него удрил камион марка „Пежо боксер“, управуван од 41 годишен жител на Кочани.

– Во незгодата на лице место починал 71 годишниот виничанец. Увид извршил јавен обвинител и полициски службеници од полициската станица во Виница, рече Панајотова.

Лекарите од Итната медицинска помош во Виница кои пристигнале на местото на несреќата само ја констатирале смртта на 71 годишниот виничанец. Во текот на летниот период регионалните патни правци Штип-Делчево и Виница -Берово се фреквентни, а земјоделците во овој регион како превозно средство до своите ниви ги користат велосипедите, затоа се апелира на возачите да внимаваат и да возат согласно сигнализацијата на патот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Кошаркарскиот тренер Антонио Савески е возачот кој загина во несреќата на патот Охрид-Кичево

A1on

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица