Камбовски: Доколку обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се упатени директно кон некој амбасадор нема да е добро

Од:

Државните органи треба да водат политика која ќе го отсликува интересот на државата, а тој интерес е соработка и интеграција со ЕУ и НАТО, рече академик Владо Камбовски, претседател на тинк-тенк тело на МАНУ за истражување на глобалните стратегиски прашања.

Камбовски на денешната тркалезна маса за постизборни предизвици за евроатлански интеграции на Македонија ја оцени изјавата на Груевски како неумесна, но не ја осудува бидејќи не е дадена од државен орган туку од партиски лидер чии партиски можности се неограничени.

Екс претседателот на МАНУ во врска со прогласот на ВМРО-ДПМНЕ кој Груевски го прочита на протестот пред ДИК изјави дека доколку обвинувањата се упатени директно кон амбасадорот Бејли или било кој друг амбасадор не би било добро.

Тој рече дека интересот на државата не е приватна сопственост туку на граѓаните и јавноста, а тоа е интерес на ЕУ и НАТО.

–  Приоритет на идната влада која треба да биде, пред сè, легитимна, е да ги реализира приоритетите и барањата дадени од ЕУ содржани во извештајот на Прибе, рече Камбовски додавајќи дека само легитимна влада може да ги исполни очекувањата на граѓаните .

На тркалезната маса чија цел е низ пријателски разговор да се слушнат нивните очекувања од Македонија се присутни само францускиот и германскиот амбасадор додека другите амбасади пратија свои претставници.

Би можело да ве интересира

Во судскиот систем нема да има место за судиите кои не работат според законите, вели Камбовски

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски