Камбовски до Абази: Доаѓа време на одговорност, доследно нека се држи до законот

Од:

Академик Владо Камбовски му порача на новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, да си ја работи функцијата законито бидејќи доаѓа крајот на партизација на институциите.

„Човекот што е избран, законито, совесно да си ја врши својата функција. Сите институции во народниот период ќе бидат сериозно опсервиразни дали работат согласно закон. Треба да се разбере дека конечно доаѓа крајот на бесот на политичките партии и аргантноста, наметнување на кадри без критериуми на квалитет. Да не зборувам за се она што значи партизација. На партизацијата на институциите доаѓа крајот. Со отворањето на преговорите на членство во ЕУ, тој крај доаѓа“, порача Камбовски.

Тој смета дека критериумите за шеф на ОЈО-ГОККК треба да се развијат, законот да се допрецизира, пред сѐ ако се процени ова искуство со ваков вид избор биде негативно.

„На новоизбраниот обвинител во ОЈО-ГОКК само тоа му препорачувам. Не знам како е избран, што е избран. Доследно да се држи до законот. Доаѓа време на одговорност, не само политичка туку и казнена, на се повисоки скалила на вршење на функционери“, додаде Камбовски.

Би можело да ве интересира

Пет приоритетни области вклучени во Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028

Министерот Лога се сретна со шефот на Обвинителството за организиран криминал за предметот за модуларната болница

Министерот за правда ги испрашува шефовите на Обвинителствата за случајот со модуларната во Тетово

Снаата на Абази била вработена во 2015, префрлена е во АЕК откако била со сопругот на дипломатска мисија

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Снаата на обвинителот Ислам Абази вработена кај Груби, па префрлена во АЕК

Катерина Ѓуровски

И Ковачевски збунет од изборот на Абази: На тој систем му требаат уште реформи, има огромна работа пред нив

Кристијан Ландов