Македонскиот амбасадор во Обединетото Кралство, Јован Донев, поранешен прв човек на скопските социјалдемократи, последните неколку години апологет на власта, денеска пак влезе во седиштето на СДСМ.
Тој беше дел од делегацијата што ја предводеше спикерот на Горниот дом на британскиот парламент, баронесата Д’Соуза, која оствари средба со раководството на оваа опозициска партија.
Од СДСМ соопштија дека претседателот Заев ја информирал баронесата Д’Соуза за работата на најголемата опозициона партија во земјава, за начинот на креирање политики, делувањето како конструктивен фактор во решавањето важни прашања, како и за соработката на СДСМ со сестринските партии во Европа.
Покрај актуелните политички случувања во земјава и регионот, претседателот Заев и баронесата Д’Соуза разговараа и за продлабочување на традиционално добрите пријателски врски помеѓу Р. Македонија и Обединетото Кралство.