Јолевски:Не е време за славење,откажана прославата на Денот на АРМ

Од:

Министерството за одбрана ги откажа сите активности предвидени за прославата на Денот на АРМ – 18 Август, поради поплавите во скопскиот регион. Оваа информација за „Утрински весник“ ја потврди и министерот Зоран Јолевски, кој рече дека „не е време за славење“.

Причина се катастрофалните поплави во Скопско. Претходно дел од поканетите, најавија дека нема да учествуваат на прославата. Еден од нив е генералот во пензија, Илија Николовски.

Тој упати отворено писмо до Јолевски, во кое вели дека со целосна почит кон традицијата на великите денови на државноста и самостојноста на Република Македонија, сепак, нема да се појави на прославата на 24-от роденден на АРМ, иако е таму од првите денови.
„Дегутантно, крајно нечувствително, непримерно, несоодветно на рангот кој го стекнав за време на своето службување во… (две армии и неколку држави) и едукациите од највисоко ниво кои ги поминав за тоа време е поканите да ги прифатам“, напиша Николовски.

Би можело да ве интересира

Министерот Јолевски на билатерални средби при посетата на Хрватска

Наум Локоски

Јолевски во Рим на конференција за балканската соработка и безбедност

Наум Локоски

Јолевски: Односите меѓу Македонија и Турција пример за соработка во регионот

Наум Локоски

Јолевски се сретна си заменик генералниот секретар на НАТО Готемолер

Емир Латифовиќ

Јолевски: Размислуваме да го зголемиме учеството на АРМ во мировни операции

А1он