Јавниот обвинител на Република Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Од:

Новоименуваниот Јавен обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска, веднаш по свечената заклетва во Собранието, ја презеде функцијата државен јавен обвинител. Тој одржа работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска.

Исто така, на првиот работен ден на функцијата, Јавниот обвинител на РСМ Савески се сретна со јавните обвинители и со јавнообвинителските службеници во републичкото обвинителство, со кои разговараше за плановите и приоритетите во однос на функционирањето на јавнообвинителската организација.

Би можело да ве интересира

Савески очекувал поголема поддршка од пратениците: Обвинителството мора да има пари за да биде во чекор со криминалот

Катерина Ѓуровски

Ненад Савески е нов државен јавен обвинител

Катерина Ѓуровски

Собранието избира нов државен јавен обвинител

Катерина Ѓуровски

В среда на собраниска седница изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски