Уставниот суд денеска ќе одржи јавна расправа за предмет што се однесува на Барање за заштита на слободите и правата, кои се однесуваат на повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, како и повреда на забраната на дискриминација по основ на политичка припадност, информираат од Судот.
Јавната расправа ќе се одржи во Уставниот суд на Република Македонија.