Јанкулоска се сретна со сточари и земјоделци во кумановско Долно Коњаре

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Втората изборна единица Гордана Јанкулоска денеска го посети сточниот пазар во кумановско Долно Коњаре и на сточарите и земјоделците им претстави дел од мерките опфатени во новата програма.

– Денеска имавме можност да разговараме со луѓето кои се занимаваат со сточарство и притоа ги информиравме дека во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ планираме и предлагаме намалување на данокот на додадена вредност за сточната и добиточната храна. Тоа би требало на некој начин да влијае на зголемување и подобрување на квалитетот на сточниот фонд во Р.Македонија, што во секој случај ќе значи подобра понуда на пазарот, посебно ако се земе во предвид дека Македонија е голем увозник на месо, рече Јанкулоска.

Таа презентираше и други мерки од областа на земјоделството и рече дека земјоделците и сточарите посебено се интересирале за мерката „Календар на субвенции“.

– Посебно значајно за земјоделците и за сточарите е да можат да ги планираат субвенциите, односно да го знаат точниот термин на нивна исплата и тој да биде во период кога ним им е најпотребен, зависно од соодветната гранка или култура за која планираат понатаму да инвестираат. Тоа ќе значи правилна распределба на ресурсите и правилно менаџирање со средствата, што ќе значи за нив поголема ефикасност во работењето, истакна Јанкулоска.

Носителот на листата во ИЕ2 оствари средба и со ловџиите од ловџиското друштво „Сокол“. – Можеби првпат една политичка партија посветува внимание и на оваа категорија граѓани. Сакаме да ги информираме дека во следниот четиригодишен период, опфатен со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, планираме да заврши постапката за концесионирање на уште девет ловишта, но и посебен акцент ќе ставиме во промоција на ловиштата како туристички потенцијал во Р.Македонија, како дел од корпусот мерки за промоција на туризмот во Р.Македонија, рече Јанкулоска, која на средбите со граѓаните им посака и среќни велигденски празници.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември