Јанкулоска и Ристовски на хепенинг “Безбедни училишта-хармонична средина” во Гостивар

Од:

Со симболично оставање порака во книга, на пунктот на градскиот плоштад, министрите за образование и наука Спиро Ристовски и за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, денеска дадоа поддршка на проектот „Безбедни училишта-хармонична средина“, кој заедно со ОБСЕ се спроведува во средните училишта во Гостивар.

Учениците со испишани пароли против насилството се собраа на градскиот плоштад каде заедно со претстваниците на ОБСЕ и локалната власт ја проследија програмата.

– Нашето учество во овој проект е во насока на подигање на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и наоѓање форми за надминување на конфликти без насилство. Дебатата е единствениот прифатлив начин за надминување на ситуциите на недроразбирање, рече министерката Јанкуловска.

Таа информира дека минатата година, во земјава биле регистрирани 157 настани на насилство меѓу ученици. Најголемито дел од нив се случиле на подрачјето што го покрива СВР Скопје, па потоа следуваат Тетово, Битола и Охрид.

Министерот Ристовски нагласи дека превенцијата и образовниот процес се суштинската алатка за надминување на појавата од насилство меѓу учениците.

– Образованието е вистинскиот аргумент со кои тие треба да се борат и докажуваат во животот, а не физичките пресметки, бидејќи тоа е одраз на немоќните и слабите луѓе, рече министерот Ристовски.

Хепенингот на градскиот плоштад беше надополнет со музика и пораки за мир од гостиварските средношколци.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование