Јаневска: Законот за високо образование ќе претрпи големи промени

Од:

Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, ќе настане реорганизација и наместо Агенција за квалитет во високото образование ќе има Одбор за акредитација и евалуација, кој ќе биде со сосема поинакви правила и принципи, посочи денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

– Тоа сигурно ќе придонесе за зголемување на квалитетот на образованието. За Националниот совет сметаме дека и натаму треба да постои и ги договараме неговите ингеренции и на другите институции, како што се Министерството за образование и наука (МОН), Одборот за акредитација и сите други, рече Јаневска во одговор на новинарско прашање пред почетокот на денешната работна средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

Прецизира дека во подготовката на новиот закон покрај експертите од МОН се вклучени и претставници од сите државни и приватни универзитети.

– Формиравме ад хок времено тело кое треба да работи на подобрување на квалитетот во високото образование. Таму побаравме да делегираат претставници сите приватни и државни универзитети. Во телото има професори, декани, ректори и самите тие без учество на МОН формираа работни групи кои ќе работат на законот за високо образование и работеа на поединечни глави. Таму секако дека мора да има и има и претставници на МОН. Сега се при крај со решенијата за да излезе новиот закон, кој кога ќе биде дефинитивно готов ќе оди на подолготрајна јавна расправа и нема да биде само 20 дена на ЕНЕР. Ќе го доставиме до сите универзитети и ќе го оставиме подолго на електронска јавна расправа, а ќе организираме и јавна расправа со физичко присуство по што ќе ги анализираме и сублимираме препораките од вработените во високото образование и тогаш ќе излеземе со конечна верзија, рече Јаневска.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема да го повлечеме Законот за Високо образование, такво нешто бараат тие што се плашат од условите

Јаневска вели дека нема потреба од повлекување на законот за високо образование, немало многу забелешки

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Јаневска: Критериумите, а не тиражот, се клучниот предизвик за учебниците

Редовните професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години, нови закони за високо образование

Второто полугодие за учениците почнува на 20 јануари