Јаневска: Предлог-законот за средно образование повторно ќе биде поднесен во Собранието, со подобрен текст

Од:

Предлог-законот за средно образование повторно ќе биде поднесен во Собранието, со подобрен текст, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска.

-Дискусијата за предлог-Законот за средно образование беше префрлена на политички план. Бидејќи се претвори во друга тема, а не тема за образованието, сметам дека е соодветно да се повлече законот, објасни Јаневска.

Политиката да не се вметнува таму каде што не треба, а во образованието и не смее, посочи Јаневска, изразувајќи надеж дека во иднина ќе дојде до разбирање на политичките партнери околу заедничките државни симболи, по мирен пат.

-Тука јас ја гледам улогата на образованието. Ќе се посветиме на воспитната компонента, на мултиетничноста, на мултикултурализмот, почитување на различностите во образовниот процес. Тука е нашата шанса. Кај младите кои веќе го гледаат новиот свет, свет во кој најмалку е важно на која етничка група припаѓаш, или дали припаѓаш на мнозински или малцински народ. Технологијата напредува од ден на ден, глобалната слика се менува од ден на ден, ние не можеме да живееме во минатото. Тука ја гледам иднината и просперитетот на оваа држава, рече Јаневска.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Приватен институт работел во задна просторија на кладилница со два душеци

Јаневска: Очекувам од 1 октомври студентите да влезат во реконструираните домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

Законот за високото образование в понеделник со сите прифатени забелешки повторно на ЕНЕР, потоа во владина процедура

Јаневска: Нема да го повлечеме Законот за Високо образование, такво нешто бараат тие што се плашат од условите

Јаневска вели дека нема потреба од повлекување на законот за високо образование, немало многу забелешки

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет