А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јанакиески на терен во поплавениот регион во Струмичко

by А1он25/02/2013 - 17:21259
Share0

Преземени се мерки за санирање на последиците од поплавите во струмичкиот регион, а во следниот период превентивно ќе се работи со цел да се спречат евентуални нови непогоди, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешната посета на поплавените подрачја.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Ја увидов состојбата на терен. На овие локации веќе е интервенирано, но ние постојано соработуваме со општините со цел да ги намалиме последиците од надојдените води и да ја санираме состојбата, истакна Јанакиески.

Тој ги посети селата Бисолово, Василево и Сушево каде беа забележани најголеми поплавувања во текот на денешниот ден.

Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), врнежите од дожд предизвикаа поплавување  на станбени и деловни објекти, а излеаните води од реките Радовишка и Водочница поплавиле земјоделски површини.

Од страна на ДЗС обезбедени се повеќе од три илјади вреќи со песок за правење насип на критичните места, како и пумпи за исцрпување на водата од објектите. Во соработка со општините ангажирана е и градежна механизација за правење насипи на речните корита.

Следете a1on на Youtube YouTube
poplavaslatino

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa

Горан Наумовски22/10/2026 - 20:24

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:38

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски01/09/2026 - 07:1001/09/2026 - 07:22

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Горан Наумовски31/08/2026 - 14:04

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

Горан Наумовски29/08/2026 - 21:57

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он27/08/2026 - 16:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео