Јанакиески: Канализациски систем за Големо Коњари од 600.000 евра

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска го посети прилепското село Големо Коњари каде најави дека идната недела ќе почне изградба на канализациски систем во селото.

– Инвестицијата е од околу 600.000 евра. Веќе имаме склучено договор за градба со надзорот. Од среда започнуваат градежните работи, станува збор за канализациски систем од околу 16 километри. Ова е само еден од триесетината проекти што се реализираат во моментов. Со оваа инвестиција, и онаа што ја започнавме во Мало Коњари, три населени места во Прилепско, заедно со Канатларци ќе добијат канализација, изјави Јанакиески.

Според него, во наредните четири години сите населени места во Прилепско ќе добијат канализациска мрежа со која, како што рече, драстично ќе се подобри квалитетот на животот на населението и ќе се зголеми еколошкиот стандард во населените места.

Градноначалникот на Прилеп Марјан Ристески рече дека во трите населени места – Мало и Големо Коњари и Канатларци има околу илјада жители и затоа, истакна тој, решавањето на ова битно инфраструктурно прашање почнува од тие населени места.
– Годинава во Големо Коњари ќе има вкупно инвестиции од еден милион евра. Покрај изградбата на канализационата мрежа од 600 000 евра, ќе се гради и пат преку програмата за рурален развој.

Би можело да ве интересира

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ