Јакимовски до ВМРО-ДПМНЕ: Како Алумина додека бевте на власт беше „проект“, а сега е „бизнис“?

Од:

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски реагира на денешната прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со деталниот план за „Алумина“.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја замајува јавноста со своите „тралала“ соопштенија.

„Тие треба да одговорат на јавноста како „Алумина“, додека тие беа на власт да биде „проект“, а сега кога се опозиција нивниот „проект“ да стане „бизнис“. Нека не кинат зелени со наводни одземања на ингеренции на општината за владата да го изгласала деталниот план. Моето искуство со Христијан Мицкоски говори дека исто вака и за проектот Ист Гејт долго се инаетеше додека не се испазари. Па потоа Христијан излижа тоа што плукаше. Ај што лижеше тој, мораа да излижат тоа што плукале и неговите советници од Гази Баба кои обесчестени и понижени мораа да го гласаат деталниот план за Ист Гејт. Така ќе биде и сега додека го направи пазарот па потоа по принципот „маж рекол, маж одрекол“ тој и неговата арамиска дружина ќе си живеат среќно. За разлика од нив јас проектот „Алумина“ секогаш сум го поддржувал и ќе го поддржувам. И кога биле министри Миле Јанакиевски и Владо Мисајловски – Кендо и сега кога е Бочварски затоа што и тогаш и сега мислам дека е добар проект“, изјави Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Јаневска и Јакимовски водат партиски пресметки преку грбот на ученците

Јакимовски: Владата се однесува крајно некоректно кон македонските општини

Јакимовски ја обвини владата дека со помош на разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат таканаречена „албанска академија на науки“

Јакимовски до Јанева: Ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари?

Јакимовски: Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори

Јакомовски: Мора да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високите сметки